
Фудбалерите на Атлетико Мадрид направија голем исчекор кон пласманот во четвртфиналето шпанскиот куп откако во првиот дуел од осминафиналето на гостувањето го совладата третолигашеот Леида Еспортиа со 4:0.
Головите за „јорганџиите“ ги постигнаа Диего Годин во 33, Фернандо Торес во 37, Диего Коста во 69 и Антоан Гризман во втората минута од судиското продолжение. Реваншот ќе се одигра на 9-ти јануари.
Бразилецот со шпански пасош Диего Коста е повратник во Атлетико откако четири години мина во редовите на Челзи. Во јули 2014 година тогаш замина за 40 милиони евра, а сега се врати за 65 милиони евра. Во дресот Атлетико постигна 64 голови, а во средата го постигна 65-от.