Играчот на премиерлигашот Ливерпул и германски репрезентативец Емре Џан во новата сезона најверојатно ќе го носи дресот на актуелниот шампион на Италија, Јувентус.
Џан во моментов ги одработува последните шест месеци од договорот со Ливерпул што значи дека има право да преговара со други екипи бидејќи во јуни ќе биде слободен играч.
Според италијански „Скај Спорт“ тој веќе постигнал договор со Јувентус особено што не сакаше да потпише нов договор со „црвените“.
Џан на „Енфилд“ во 2014 година дојде од Баер Леверкузен и за Ливерпул има одиграно 106 натпревари и постигнато осум голови, од кои четири сезонава.