
Во првиот натпревар од 20-то коло на италијанската фудбалска лига Киево и Удинезе во Верона одиграа без победник 1:1.
Киево поведе со голот на Србинот Иван Радовановиќ уште од 9 минута на мечот, а во 41 минута вториот Србин во домашната екипа Никола Томовиќ ја погоди сопствената мрежа.
По поделбата на бодовите Удинезе е на седмата позиција со 28 бодови, додека Киево е тринаесетто со 22 бодови. На табелата води Наполи со 48 бодови, бод повеќе од вториот Јувентус.
Вечерва играат и Фиорнетина – Интер.