Најстудено во Берово и Петровец, најмногу снег во Лазарополе

Во саботата утрото најмногу снег, четири сантиметри има во Лазарополе, а најстудено е во Берово и Петровец каде се измерени минус четири степени Целзиусови. Времето е ведро и студено, во североисточниот дел од земјата со слаб ветер од променлив правец.

Снежна покривка од два сантиметри има и во Маврово, а минималните температури се движат од минус три степени во Струмица, Демир Капија и Тетово, минус два во Куманово, Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Гевгелија, минус еден во Крива Паланка и Лазрополе, во Охрид, Маврово и Претор се измерени нула степени, во Пожаране и Виница еден степен, а во Крушево, Ѓуриште, Тополчани и Дојран два степена Целзиусови.