Астронаутот кој шеташе по Месечината Џон Јанг почина во 87-та година

Американскиот астронаут Џон Јанг, кој се прошета на Месечината во 1972 година и дури шверцувал сендвич со говедско во орбитата во текот на кариерата којашто го направи единствената личност која летала во три вселенски програми на американската агенција за вселенски истражувања NASA, почина на возраст од 87 години, соопштено е во саботата.

Џон Јанг, кој во космосот леташе шест пати, починал во петокот ноќта во својот дом во Хјуустон по компликации предизвикани од воспаление на белите дробови, соопшти портпаролот на Националната аеронаутичка и вселенска администрација NASA, Олард Беутеч во електронска порака до медиумите.

Поранешниот пробен пилот на американската воена морнарица беше деветтата личност којашто стапнала на Месечината, што им успеа на уште тројца по Јанг. На крајот од кариерата стана еден од астронаутите со најмногу постигнувања во историјата на американската вселенска програма.

Летал двапати во Вселената во текот на програмата „Gemini“ на NASA во средината од 1960-те, двапати во месечевите мисии „Appllo“ и двапати на вселенскиот шатл во 1980-те. Единствено Јанг летал во сиве три програми.

„Богатата кариера на астронаутот Џон Ханг се протега низ три генерации вселенски летови. Ќе стоиме на неговите раменици додеа гледаме кон следната човекова граница“, се истакнува во соопштението на челникот на NASA, Роберт Лајтфут.

Јанг, кого NASA во твит го нарече „нашиот најискусен астронаут“, се пензионираше во 2004 година по 42 години работа во американска вселенска агенција.

Мисијата „Apollo“ во април 1972 година, неговиот четврт вселенски лет, го одведен на површината на Месечината. Како командант на мисијата, тој и неговиот колега од екипажот Чарлс Дјук го истражуваа подрачјето на месечевата планина Декарт, собрале 90 килограми карпи и примероци од почвата и се провозеле повеќе од 26 километри во месечевото возило ровер до места како што е кратерот Спук.

Првиот лет на Јанг во космосот се случи во 1965 година во мисијата „Gemini 3“, којашто заедно со астронаутот Гас Грисом го одведе во орбитата околу Земјата во првиот американски вселенски лет со две лица. На оваа мисија Јанг ја извел својата шега со сендвичот кој не ги насмеала шефовите во NASA но сигурно го усреќила Грисом кој уживал во ужината.

Астронаутот Волтер Вали Шира, кој не летал во оваа мисија е единствениот кој летал во почетните три миси на NASA, купил сендвич со говедско во ржен леб во продавница за деликатеси во Кокоа Бил на Флорида и го замолил Јанг да му го даде на Грисом, кој бил заедно со Шира меѓу првите седум елитни пробни пилоти во вселенските тестови, да му го даде во космосот. Во текот на летот додеа разговарале за храната обезбедена за мисијата, Јанг му го дал сендвичот на Грисом.

Во NASA го укориле Јанг поради ова подметнување, коешто довело и до критики од парламентарците и медиумите, но неговата кариера не трпела поради тоа.

Неговата мисија „Apollo 10“ во мај 1969 година послужила како генерална проба за историската мисија на „Apollo 11“ два месеца подоцна во којашто Нил Армстронг стана првиот човек кој зачекорил на Месечината. Јанг и неговиот екипаж ги извеле сите аспекти на оваа мисија, освен што не слетале на Месечината.

Петтата вселенска мисија на Јанг во која бил командант бише првиот лет на првиот шатл „Columbia“ во 1981 година. Тој беше првиот пилот кој леташе во шесте вселенски мисии во 1983 година кога заповедаше со споменатиот шатл на нејзиниот прв лет околу Вселенската лабораторија, со екипаж кој извел повеќе од 70 научни тестови.

Потоа повеќе никогаш не леташе во Вселената. Јанг требало во 1986 година да командува со летот кој е откажан по експлозијата на шатлот „ Challenger“ на почетокот од истата година.

Јанг е роден на 24-ти септември 1930 година во Сан Франциско, а растел во Орландо на Флорида,. Откако дипломирал аеронаутичко инженерство на Технолошкиот институт Џорџија во 1952 година стапил во морнарицата и дипломирал на школата за пробни пилоти. Во 1962 година бил избран од NASA за нејзината вселенска програма.