
Крадецот, кој во саботата вечерва ги ограби просториите на Македонската информативна агенција (МИА), успеал да собере еден мобилен телефон и два лаптопи.
Тој, како што соопшти полицијата, го скршил катанецот од решетните од задниот влез на агенцијата.
Со извршената кражба, крадецот се стекнал со противправна имотна корист од околу 70.000 денари, а причинил материјална штета од околу 5.000.