Од возило во возило се заканувал со пиштол

Засега непознат возач на „БМВ“ во понеделникот ноќта околу 23,30 часот на магистралниот пат кон гостиварско Чегране застанал до друго „БМВ“ и им се заканувал со пиштол на млад гостиварец и неговата сопруга.

Непознатото лице со пиштол му се заканило на 25-годишниот Е.С. од Гостивар и на неговата сопруга, по што испукало еден куршум во воздух и побегнало во непознат правец.

Како што информира МВР, додека гостиварецот бил паркиран покрај патот Тумчевиште – Чегране со своето возило „БМВ“, во кое се наоѓала и неговата сопруга, до нив застанало друго возило „БМВ“. Од возилото излегло непознато лице, му се заканило по живот, а од него и неговата сопруга побарало да излезат од возилото.

Тогаш извадило пиштол и испукало еден куршум во воздух, по што со неговото возило побегнал во непознат правец.