
Пратеникот од редовите на партијата БЕСА, Неџбедин Каремани на прес-конференција рече дека има закани по неговиот живот и животот на неговото семејство. Тој вели дека случајот го пријавил во полиција, истовремено го информирал и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ОБСЕ, како и амбасадите.
„Мојата должност како пратеник јас ја прифатив, а сите знаат како БЕСА ги доби гласовите во Тетово. Ќе се одржи конгрес и се ќе биде во ред. Денеска ги поздравувам моите гласачи и Движењето БЕСА, а тие што упатуваат закани кон мене, да знаат дека не им се плашам“, рече Каремани, кого скопскиот огранок го избра за в.д претседател на Движењето Беса се до одржувањето на конгресот на партијата.