Премиерот Заев ќе претседава со Советот за следење на имплементација на стратегијата во правосудствотов

До крајот на јануари ќе биде формирано ново тело „Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството за период 2017 – 2022“. Од владината прес-служба информираат дека за време на денешната Владина седница, претседателот на Владата Зоран Заев најавил дека телото е во насока на преминување во делот 9, од планот 3-6-9 и дека лично тој ќе претседава со Советот.

Од Владата информираат дека Заев, на седницата јавно им се заблагодарил за завршената успешна работа на членовите на Советот за реформи во правосудството кој работи во рамките на Министерството за правда, и кои активно работеле на изработка на Стратегијата како обврска предвидена во деловите 3 и 6 од Планот 3-6-9.

На денешната владина седнница беше усвоен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачите, беше усвоена информацијата за реализација на препораките на ГРЕКО, а именувани беа и нови директори на Државните инспекторати.