Познат идентитетот на мртвото тело кое беше пронајдено во шахта во Сопиште

Телото кое на 6 ноември 2017 година беше пронајдено во канализациска шахта на локацијата „Сончев град“, во  село Сопиште е лицето З.П. (58) од Скопје, кој што претходно е пријавен за исчезнат, покажа обдукцијата.

Според завршените наоди, констатирано е дека на телото немало никакви знаци на насилство.