
Денеска пред Владата ќе се одржи нов протест против загадениот воздух.
Протестот се очекува да почне во 12 часот, а го организираат граѓани кои повикуваат на масовност преку социјалните мрежи.
„Британската влада во 2.000-та ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, се вели во повикот за протестот на социјалната мрежа Фејсбук.