Рама: Законот за јазици во Македонија е заслуга на нашата влада

Албанскиот премиер , Еди Рама, пред младите евросоцијалисти се пофали дека благодарение на неговата влада бил донесен законот за албанскиот јазик во Македонија.

Посочи дека усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија е голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли.

„Усвојувањето на законот за албанскиот јазик од страна на парламентот во Скопје претставува историско постигнување за Албанците, што ја демократизира и зајакнува самата Македонија“, напиша на својот профил на фејсбук Рама, кусо по усвојувањето на законот.