Украина поради цената го прекина презимањето на руски гас

Украина прекина со преземањето на руски гас, изјави денеска украинскиот министер за енергетика и рударство Јуриј Продан пред седницата на Владата.

„Денеска не преземаме гас. Имаме уште време да го реализираме преземањето,“изјави Продан.

Тој објасни дека украинската страна не е задоволна со нивото на цената, која Гаспром ја одреди на 1 април.

Продан додаде дека Украина ќе води преговори со руската страна за враќање на старата цена од 268,5 долари за 1000 кубни метри гас која беше во првото тромесечје оваа година.