Столтенберг ги почна средбите со државниот врв

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се сретна со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров.

Првиот човек на НАТО попладне ќе им се обрати на пратениците во Собранието, каде ќе има средби со претседателот на Парламентот Талат Џафери, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Официјалните активности Столтенберг ќе ги заврши со средба со премиерот Зоран Заев во Владата, каде ќе биде пречекан со највисоки почести, а по средбата е предвидена заедничка прес-конференција.