Во средбата од второто коло од Групата 2 од втората фаза на Европското ракометно првенство, во неделата во Вараждин ракометарите на Данска ги совладаа актуелните европски прваци Германија со 26:25 (8:9).
Во текот на целиот изедначен натпревар кој беше подреден на играта во одбраната. ниедна од селекциите немаше водство поголемо од два гола, а погодокот на Каспер Мортенсен во 54 минута со кој Данците поведоа со 23:20, се чини, беше пресвртен момент во дуелот.
Кај Данска најдобар стрелец беше Ханс Линбдерг со 9 голови, а Микел Хансен постигна 5 носи те во второто полувреме. Германија ја предводеше Јулчиус Кун со 6 голови, а Штефен Вејнхолд постигна пет.
Данска, која пред два дена ја совлада Словенија со 31:28, сега има шест бодови и изби на првото место, додека Германија остана на 4.