На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ во понеделникот околу 14,30 часот се одигрувала вистинска драма, кога 38-годишник без никаква причина скршил шише и си нанел повреда на вратот пред очите на патниците.
Според првите и неофицијални информации, тој е жив и состојбата му е стабилна бидејќи резот не бил длабок, а Брзата помош веднаш реагирала.
Тој е пренесен во Ургентниот центар, но за среќа станува збор само за мала исекотина, па немале потреба ни од реанимација.
Како што тврдат очевидците, сѐ се случувало во секунда и како на филм, бидејќи мажот седел во кафулето и одеднаш го скршил шишето и си го пресекол вратот.