Апелациониот суд Скопје ја одби во понеделникот жалбата на пратеничката Жаклина Пешевск, со што таа и натаму останува во домашен притвор.
На јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска побара да и биде укинат куќниот притвор поради нејзиното учество во настаните од 27-ми април.
„Не можам да го повторам делото затоа што не сум го ни сторила. Во животот немам сторено кривично дело, а најмалку тероризам. Не сум ги довела во опасност животите на други пратеници. Ме уапсија иако се повикав на пратенички имунитет. Со моето лишување повреден е уставот. За полицајците кои дојдоа утрото кај мене не важеше мојот пратенички имунитет. Со лисици ме држеа 16 часа во суд за на крај да кажат дека не може да ми направат распи“, рече Пешевска.
Додаде дека поради определената мерка не може да се грижи за болните свекор и свекрва ниту за здравјето на малолетни деца.
Адвокатот Боро Тасевски на јавната седница рече дека освен приведување за кое се произнесе и народниот праовбранител, направени биле и други повреди поради кои Апелација треба да ја укине одлуката. Според него, во Решението за домашен притвор судот не ги навел доказите од кои произлегува основаното сомнение за Пешевска, а тој како адвокат не го добил ниту предлогот за продолжување на мерките.
Вишата обвинителка на денешната седница побара жалбата да се отфрли и Пешевска да остане во домашен притвор затоа што не е ништо променето од првиот пат кога е определена мерката. Рече дека со приведувањето не била повредена европската конвенција. Ги негираше тврдењата на Пешевска и рече дека на членовите на нејзиното смеејство им била овозможена потребната медицинска помош.