Почина дете на Клиниката за Трауматологија во Скопје

На Клиниката за Траматологија синоќа се случила трагедија кога починало 15-годишно дете.

Порталот „Прес 24“, објави дека станува збор за 15- годишно дете кое починало на Клиниката како последица на компликација, најверојатно по примената анестезија.

Засега за случајот нема официјална потврда.

Се очекуваат повеќе детали за трагедијата.