Макрон повика на десетгодишен план за јакнење на ЕУ

Европската унија треба да започне десетгодишен план за да стане светска сила којашто ќе делува поинаку од САД или од Кина изјави во средата на Светскиот економски форум во швајцарски Давос францускиот претседател Емануел Макрон.

Стратегијата на Европската унија би требало да се сосредоточи на енергијата, дигиталната технологија, миграциите и инвестициите, им порача од монденското зимско одморалиште францускиот претседател Емануел Макрон на светските челници.

„Доколку сакаме да избегнеме ваква фрагментација на светот потребна ни е посилна Европа“, рече Макрон користејќи го еуфемизмот за ЕУ.

Притоа се зазема за Унија којашто ќе се бори за слобода, праведност и правда, и ќе понуди алтернативен пат за кинеското и американското управување Десетгодишната стратегија „Европа би ја направила вистинска економска, општествена, зелена, научна и политика сила“ додаде францускиот челник.

Европските држави овој плани би можеле да го усвојат со „различни брзини“, предложи Макрон во Давос каде што имаше обраќање и во 2016 година, како француски министер за економија во социјалистичката влада на неговиот претходник Франсоа Оланд, 18 месеци пред да дојде на власт.

Францускиот претседател, исто така, на бизнис елитата ѝ порача дека неговата земја ќе се врати на сцената како европска сила под неговата реформистичка влада.

„Франција се враќа во сржта на Европа“, рече Макрон на англиски, пред да се префрли на француски јазик за да ја претстави својата визија за нов „социјална компактност“ за глобализацијата во пресрет на говорот во четвртокот на американскиот претседател Доналд Трамп кој е доживуван како противник на глобализацијата кој неочекувано и невообичаено за американските претседатели најави доаѓање во Давос.

Макрон говореше по германската канцеларка Ангела Меркел која се заложи за јакнење на одбраната на глобалната слободна трговија пред политичките и деловните лидери во очекување на пристигнувањето на Трамп.

„Во однос на трговијата, ние се движиме кон поголем протекционизам…, ние го уништуваме она што можеме да го постигнеме со глобализацијата“, рече поранешниот инвестициски банкар на Ротшилд Макрон.