Денешните активности на носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” во изборната единица 6, Никола Попоски, продолжија во градот Тетово каде што оствари средба со тамошните пензионери во Здружението на пензионери.
Попоски ја посети Шарената џамија во Тетово, каде што се сретна со тетовскиот Имам. Имамот истакна дека џамијата е од особено културно значење за Република Македонија бидејќи што претставува единствен објект од таков тип во целиот свет.
Оттаму, носителот Попоски ја продолжи посетата на Тетово во галеријата-Амам каде што имаше изложба од македонскиот уметник Никола Јовановски.