Обвинителството бара куќен притвор за Дурловски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бара од Судот да биде укинат притворот за пратеничката Жаклина Пешевска и да биде заменета со мерки за претпазливост, а за оперскиот пејач Игор Дурловски мерката притвор за биде заменета со куќен притвор.

„Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж.П. да биде укината мерката куќен притвор и да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор. За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка“, соопштуваат од Обвинителството.