Ќе се селат двете вртелешки од Центар

Двете вртелешки, едната на плоштадот „Македонија” во Скопје и онаа во близина на црквата „Света Богородица” ќе бидат демонторани и преселени на некое друго место, најавуваат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.

Според одговорните во град Скопје, двете вртелешки биле поставени на несоодветни локации и го попречуваат слободното движење на пешаците.

Двете вртелешки се дел од проектот „Скопје 2014“. Можни нови локации за вртелешките се паркот во Чаир и во паркот на езерцата во Аеродорм.

Каруселот на плоштад Македонија беше поставен во 2013 година и чинеше 160.000 евра. Втората вртелешка која всушност и не проработе беше поставена лани во јули и чинеше  187.000 евра.