
Во последниот натпревар од 22-то коло на италијанското фудбалско првенство Сампдорија како гостин ја совлада Рома со 1:0 (0:0), а претходно Милан пред својата публика со 2:1 (2:1) беше подобар од Лацио.
Голот кој на Сампдорија и донесе три вредни бодови го постигна Дуван Запата во 80 минута. Со оваа победа Сампдорија е шеста и со 37 бодови ѝ се приближи на петтата Рома која остана со 41 бод.
Фудбалерите на Милан претходно во неделата ја остварија третата последователна победа во Серија А, откако го совладаа Лацио. Сите три гола беа постигнати во првото полувреме, Милан поведе преку Кутроне во 15 минута, израмни Марушиќ во 20 минута, а за „црвено-црните“ победата ја донесе Бонавентура во 44 минута.
Милан со победата се искачи на седмото место со 34 бодови, додека третопласираниот Лацио има 46 бодови, два повеќе од четвртиот Интер.
На табелата води Наполи со 57 бодови, еден повеќе од актуелниот шампион Јувентус на втората позиција.