
Во понеделникот попладнето, околу 17,15 часот, на дел од пругата меѓу стојалиштето Сарај и стојалиштето Сулари, поточно на влезот во селоото Кондово, скопско, патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје – Кичево наишол и удрил во камења поставени на пругата од непознато лице.
Од ударот била предизвикана материјална штета, оштетување на моторот и карданот, а возот застанал во стојалиштето Радуша.
Повредени патници и персонал нема. Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 22.30 часот, стои во соопштенито на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.