Претставена обновената верзија на Nokia 3310

Финската компанија „HMD Global“ во Кина ја претставни новата верзија на мобилниот паметен телефон од моделот Nokia 3310 4G со тастатура на копчиња.

Оригиналниот модел Nokia 3310 беше лансиран во 2000 година и оттогаш продадени се повеќе од 126 милиони примероци

Во споредба со претходниот модел на овој уред кој беше претставен минатата 2017 година, телото на телефонот доби малку поголеми димензии. Апаратот ја поддржува работата во мрежите 4G VoLTE, мое да се користи и како точка за простап и дистрибуирање на Wi-Fi, пишува техноблогот GizmoChina.

Другите лани обновени перфомански на моделот Nokia 3310 останаа непроменети: 2,4-инчен (речиси 7 сантиметри) дисплеј со резолуција 320 на 240 пиксели, слот за microSIMS и мемориска картичка microSD. Телефонот е опремен со интерфејси microUSB, 3,5 –милиметарски аудио приклучок, Bluetooth 4.0. апаратот има камера со резолуција од два мегапиксела и барерија со капацитет 1200 мАч.

Во првиот период продажбата на телефонот ќе се одвува само во Кина. Информациите за уредот се поставени на кинескиот сајт на Nokkia, но цената се’ уште не е објавена. Моделот кој беше пуштен во продажба во Европа пролетта 2017 година имаше цена од 49 евра.

На почетокот од минатата година на посетителите на Светскиот мобилен конгрес кој традиционално се одржува во Барселона, им беше претставена новата верзија на легендарниот мобилен телефон Nokia 3310, којашто е комбинација од најдобрите карактеристики на својот претходник со нов дизајн и „пакување“.

Новиот уред доби полесно и потенко тело во повеќе бои: жолта, црвена, сива и темно сина. Дизајнот на моделот е направен во лесно препознатливиот стил на производителот „Nokia“. Програмерите, дури, во бројните апликации ја вклучија и познатата игра „змија“.

Моделот, инаку, е сосема скромен во однос на современите мобилни телефонски уреди според карактеристиките: 6,5 сантиметарски екран во боја и камера со резолуција од 2 мегапиксела, но сепак, во едноставноста на телефонот и се состојат неговите главни предности.

Уредот работи на платформата Nokia’s Series 30+ и има слот за мемориска картичка microSD. Покрај тоа, обновениот модел на телефонот Nokia 3310 може да се пофали со способноста за биде не биде полнета 31 час.

Новиот телефон го создаде финската компанија „HMD Global“, којашто има ексклузивно право да произведува производи под брендот Nokkia во текот на десет години.

Претходната верзија на моделот Nokia 3310 лансирана во септември 2000 година стана еден од најпопуларните во историјата на мобилната телефонија. Вкупно се продадени 126 милиони телефони од овој модел.