
За само 8 месеци од доаѓањето на СДСМ на власт се затвора уште една фабрика во Крива Паланка. На улица остануваат околу 150 вработени од кривопаланечката фабрика Веибо.
Загрижени како ќе го прехранат семејството, вработените од фабриката денес протестираа пред зградата на општина Крива Паланка каде го искажа својот револт. Тие побараа средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски, кој немајќи храброст да се соочи со нив општинската зграда ја напуштил од задниот влез и како замена испратил неодамна вработен службеник да оствари формална средба со револтираните работници.
Иако Мицевски пред локалните избори при неговата посета на оваа фабрика на вработените ветуваше многу, денес немаше доблест да одвои време за нив и да ја сослуша нивната мака. После ваквиот однос на градоначалникот, работниците видно разочарани си заминаа од пред општинската зграда и најавија дека протестите ќе продолжат.
Оваа фабрика е уште една во низата на затворени фабрики во Крива Паланка по доаѓањето на СДСМ на власт. Застрашувачки е податокот дека од 150 вработени во текстилната индустрија, сега остануваат помалку од 50 со што градот се соочува со социјална катастрофа.