-3.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Околу 15 приведени за инцидентот во Сингилиќ

Околу 15 лица се приведени во инцидентот кој доцна попладнево се случи на последната автобуска постојка на 45 во скопско Сингелиќ.

Според првичните информации со кои располага МВР, околу 19:35 часот на улицата „Алија Авдовиќ“ дошло до тепачка меѓу две групи, при што едната група го каменувала автобусот со број 65-б.

Од каменување биле искршени четири прозорци на вториот кат од автобусот.

Приведени се околу 15 лица од двете групи и однесени се во полициска станица на разговорот.

Засега нема информации дали во инцидентот има повредени лица.