Млада жена најдена мртва во Сити мол

Триесетгодишна жена е пронајдена мртва во скопскиот трговски центар Сити Мол во четвртокот вечерта, а причините за несреќата засега не се познати.

На 01.02.2018 година околу 19,30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговски центар во Скопје, во тоалетите на приземје од објектот, било пронајдено починато женско лице, информираa МВР без прецизно да ја наведат локацијата.

Смртта била констатирана од од екипа на Итна медицинска помош. Се работи за 30-годишната А.М. од Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција.