Полицијата во Шпанија ширум државата разбила педофилски синџир и уапсила четириесет осомничени, соопштено е во саботата.
Меѓу уапсените има учители, инженери, вработени во јавниот сектор, како и невработени и пензионери, открива шпанската полиција.
Тие преку интернет разменувале детска порнографија и користеле специјален софтвер за да го отежната надзорот од полицијата.
Апсењата се одвивале во 17 провинции, вклучително и Мадрид, Барселона, Аликанте и Кордоба, по рациите во неколку десетица домови и заплената на лаптопи и повеќе од стотина хард дискови, ДВД-ија, фотографии видео снимки.