Трамп жали што сите во САД зборуваат само за Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази жалење поради тоа што никој не ги забележува неговите успеси постигнати во социоекономската сфера, и оти наместо тоа во земјата продолжува дискусијата по таканаречената „истрага за Русија“

„Одлични показатели за бројот на работните места и, конечно, зголемувањето на платите по многу години – и никој не зборува за тоа. Само Русија, Русија, Русија, и покрај фактот што по една година истрага нема никакови заговор!“, напиша Трамп на својот мигроблог на социјалната мрежа Twitter.

Претходно во саботата американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа напиша дека меморандумот објавен во петокот за нелегалните дејствија изведени од Федералното биро за истраги (FBI) во текот на истрагата за наводното руско мешање во претседателските избори од 2016 година во САД ја докажува недоследноста на верзијата за дослух меѓу кампањата на Доналд Трамп и Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп во традиционалниот говор за состојбата на нацијата ноќта кон минатата среда, по годината што ја одбележаа острите политички судири околу неговите политики, ги повика републиканците и демократите да работат на постигнување компромиси и ги истакна достигнувањата на неговата администрација во економската сфера.

Трамп во говорот кој траеше 80 минути ги истакна заслугите на неговото претседателство за растот на економијата и берзата, тврдејќи дека неговата администрација го спровела најголемите даночни кастрења и реформи во американската историја. Посочи дека од изборите во ноември 2016 година, неговата администрација создала 2,4 милиони работни места, и дека годините стагнација конечно се гледа раст на платите. Невработеноста е на најниското ниво во последните 45 години, а невработеноста на Американците од африканско потекло е најниската во историјата, истакна Трамп и додаде дека на тоа е „особено горд“.