Нов тежок пораз на Кливленд

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс доживеаја уште еден тежок пораз во дуелите кои ноќта кон неделата беа на програмата од НБА лигата, на домашен терен еба поразени со 88:120 од Хјустон Рокетс.

Рокетс до победата ги предводеше Крис Пол со 22 кошеви, 8 скокови и 11 асистенции, а Џејмс Харден додаде 16 поени.

„Кога нашите натпревари ги пренесуваат во живо на национално ниво, секогаш губиме со голема разлика. Не знам што да кажам, можеби би било најдобро до крајот на сезоната да нема телевизиски преноси на нашите мечеви“, изјави по натпреварот Леброн Џејмс кој постигна само 11 поени Ајзеа Томас и Џеј Ар Смит не беа, исто така, на своето ниво и постигнаа само по 12 поени.

Од 25-ти декември Кливлен забележа неколку тешки порази, од Минесота загубија со 28 поени разлика, од Торонто со 34, од Оклахома со 24 и сега од Хјустон со 32 кошеви разлика.

Денвер Нагетс станаа втората екипа во лигата којашто ги совлада бранителите на титулата Голден Стејт Вориорс двапати оваа сезона. Нагетс беа подобри од Вориос со 115:108м а клучен играч беше Никола Јокиќ, кој во завршницата постигна пет последователни поени, а на крајот имаше ефект од 19 поени, 9 скокови и 5 асистенции. Кај Голден Стејт, Кевин Дјурант постигна 31 кош, а Стеф Кари 24 поени.

Индијана Пејсерс ја совлада со 100:92 Филаделфија 76ерс, а најзаслужен за победата беа Бојан Богдановиќ кој постигна 19 поени со 4 скокови, и Виктор Одалипо, исто така, со 19 поени. Кај Сиксерс најдобар беше Џоел Ебиид со 24 поени и 10 скокови.

Орландо Меџикс загубија од Вашингтон Визардс со 98:115.