Домаќините во странство, арамиите низ дома, украле злато вредно 30.000 евра

Арамија се почастил  со златото на гостиварчанец кој живее во странство.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во периодот од петти до 15 декември арамија провалил во куќата на 54-годишен Р.А. во Добри Дол, кој со семејството живее во странство.

Арамијата го искористил моментот кога куќата била празна, па насилно ја отворил влезната врата и влегол внатре. Откако ги пребарал собите, украл поголема количина на разновиден златен накит.

Според првичните проценки, украдениот накит вреди околу 30.000 евра.

Полицијата трага по сторителот.