-0.2 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Мицкоски: Регистрација на ДДВ обврзници над 1 милион денари е лошо решение

Обврската за регистрирање на ДДВ обврзници над 1 милион денари е лошо решение, Владата не си стои на зборот, изјави во денешното  гостување во вестите на Сител лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Да, ова беше регулирано и порано како законско решение, дали беше истото имплементирано или не, тоа е веќе друго прашање, но не беше фер, и тогаш и сега велам дека не е фер, со тоа што тогаш сега владини, а тогаш опозициони јурушници тврдеа дека не е чесно, не е фер и дека и дека тие таквото решение нема да го применуваат кога ќе ја формираат Владата, но сега гледаме спротивно однесување, гледаме дека една од мерките за полнење на буџетот претставува имлементирањето и воведувањето на оваа мерка, што не е добро, бидејќи по тоа го цените карактерот на политичарите, дали имаат стабилен цврст став или немаат, рече Мицкоски.

По ова, нагласи Мицкоски, „гледате дека имаат променлив став и тоа не е добро ниту за граѓаните, ниту за интересите на државата во целост“.