Загина мотоциклист во Кисела Вода

Тешка сообраќајна несреќа,во која има и жртва, се случи вчера попладнето, околу 17 часот на булевар „Борис Трајковски“ (поранешна Првомајска).  Животот го загуби 38-годишниот Е.А.

Е.А. управувајќи со мотоцикл Сузуки изгубил контрола и се превртел на патот. Од добиените повреди човекот почина на лице место, информираа од полиција.

Смртта била констатирана од страна на лекар на Итна медицинска помош.