Делови од Центар, Ѓорче Петров и Кисела Вода утре без струја

Дел од корисниците од улицата „Загребска“, поточно објектите со мали броеви од 3 до 11, утре ќе бидат без електрична енергија од 8:30 до 11:30 часот.

Во периодот од 8:30 до 15 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Црногорска“ и објектите околу улицата „28“ во општина Ѓорче Петров.

Од 12 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“, објектите во Расадник кај „ГЕТ Кафе“ во општина Кисела Вода.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.