
Македонија е бугарска и Грците немаат никаква основа да ги прават тие протести. Тие се окупатори таму, вели бугарскиот европратеник од редовите на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски. Според Џамбаски во Егејска Македонија луѓето зборуваат бугарски јазик и нивното потекло исто така, но и дека Грците таму се дојденци од Мала Азија.
„Модерната грчка држава се појавува на Балканот 1912/13-та година во договор со Србија. Тие територии кои тие тогаш ги окупираа и продолжуваат да ги држат под окупација и денес, како Беломорието, таму нема никаков сомнеж какво е потеклото на населението. И сега ако отиде и се прошетате во села како Шестево, како Апоскеп и тоа зборувам за Костур. Костур е длабоко во Беломорието, Лерин, Воден и отидете во тие села ќе слушнете како зборуваат луѓето на наш јазик. Наш јазик, јазик со кој ние со вас се разбираме“, изјави Џамбаски.
Џамбаски вели дека луѓето од Егејска Македонија зборуваат бугарски јазик.
„Кога зборувате со нив, тие зборуваат на наш јазик и кога ги прашате, имали Маџири, Маџири од турски превод значи бегалци, преселници од Мала Азија, кои доаѓаат по војната меѓу Грција и Труција во 20 години од минатиот век. Оттука е многу јасно какво е населението во Македонија и многу е јасно какво им е потеклото. Проблемот кој продолжува да се разгорува во Грција е ехо од договорот меѓу Србија и Грција од 12 и 13 година, реле Џамбаски.
Џамбаски, во истата емисија повтори дека „ние сме еден народ во две држави“, односно дека според него ист народ живеел и во Македонија и во Бугарија. На прашањето зошто Бугарија е многу поотворени кон Македонија отколку што е Грција, Џамбаски вели:
„Затоа што Грците се окупатори. Зошто тие не го зборуваат тој јазик. На Грците проблемот не им е името на Република Македонија, големиот проблем на Грците е да не се постави прашањето за населението во Беломорието, т.н. Егејски дел. Ова им е превентивно, затоа што таму Грци не живеат до денес и нема грчка традиција, нема основа тие да се таму. Тие спорат со Република Македонија, глупавиот спор чиј бил Александар Велики, кого го интересира тоа? Нивниот проблем е ако се реши тоа, ако Македонија се зближи со Бугарија, што е задолжително, бидејќи ние сме еден народ во две држави. Еден народ живее и во Македонија и во Бугарија, има луѓе што се определуваат поинаку, но тоа не е проблем. Ако Бугарија и Македонија немаат граница како што треба да биде од Охрид до Црно Море, тогаш грците ќе се чудат што ќе се случи што ќе стане во Костур, во Лерин, во Воден, во тие окупирани од Грците територии“, бели бугарскиот европратеник.
https://www.youtube.com/watch?v=Psh3SjUO6UQ
https://www.youtube.com/watch?v=7tHKiPo5K8I