13.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Пожар на Клиниката за уво, нос и грло

На Клиниката за уво, нос и грло во комплексот клиники „Мајка Тереза“ доцна синоќа околу 22 часот избувнал пожар.

Пожарот бил предизвикан од болјер во бања, а интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со пет пожарникари и две возила.