Николоски: Македонија прави отстапки, а не добива ништо

Потпретседателот на ВМРО-ДМНЕ, Александар Николовски денеска на социјалната мрежа Фејсбук реагираше на одлуката да се смени името на Аеродромот Александар Велики, како и Автопатот.

Тој напиша дека Македонија со преименувањето губи нешто свое, а не добива ништо за возврат и дека се прават еднострани отстапки.