
Без вода во недела на 11 февруари од девет часот ќе останат корисниците од улиците „Михаил Цоков“ на потегот од булевар Илинденска до „Орце Николов“ и на Илинденска на потегот од Рузвелтова до „Наум Наумовски Борче“.
Прекинот со водоснабдување е поради дефект на два затварачи ф-400мм на булеварот Илинденска, раскрсница со улицата „Михаил Цоков“ и ќе трае се до санирање на дефектот.