Од 12-ти до 15-ти февруари 610 кандидати за полицајци ќе контролираат возачи и возила

Во периодот од 12-ти до 15-ти февруари во сите сектори на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, ќе се спроведува практичен испит од областа на сообраќајот – контрола на возила и возачи за 610 кандидати од основна обука за полицаец 2017/18 година.

Во Скопје, 456 кандидати, испитот ќе се одвива четири дена, од 12-ти до 15-ти февруари во периодот од 10 до 17 часот. Притоа испитот ќе се спроведе во централното градско подрачје, каде на претходно определени места ќе се сопираат возила и ќе биде вршена проверка на возачот и возилото од страна на кандидатите заедно со полициски службеници кои ќе ги оценуваат истите.

На 12-ти февруари испит ќе се спроведе во Тетово, Штип и Струмица, на 13-ти февруари во Охрид, на 14-ти во Битола и на 15-ти февруари во Куманово и Велес.

МВР апелира граѓаните да покажат разбирање и соработка со цел успешно спроведување на практичниот испит.