
Резултатите од истражувањата на Институтот за политички истражувања направија една рамка за тоа како стојат работите во нашата држава по повеќе прашања за влез во Европската Унија или Нато како и судбината на односите со Грција. Испитувањата се правени помеѓу 16-21 демекври 2017 година на примерок од 1 113 испитаници.
По прашањето за влез на Македонија во ЕУ со „ за“ се изјасниле 64,2 отсто од испитаниците, со „не“ се изјасниле 18 отсто од граѓаните, а со „ не знам“ -17,8 отсто.
За влез во НАТО се изјасниле 66 отсто од граѓаните со потврден одговор, 15,3 се изјасниле со „ не “, а со „ не знам“ -17, 8 отсто од испитаниците.
На прашањето пак за тоа какви се политичките односи со Грција испитаниците имаат различни мислења:
-20,9 отсто велат дека се добри
-31,7 отсто велат дека се донекаде добри
-14,9 отсто велат дека се лоши
-26,3 отсто велат дека се донекаде лоши;
На прашањето за тоа какви се меѓучовечките односи меѓу Грција и Македонија, испитаниците се изјасниле вака:
-23,3 отсто велат дека се добри
– 37,6 отсто велат дека се донекаде добри
-22,6 отсто велат дека се лоши
-10,2 отсто велат дека се донекаде лоши
-6,3 отсто се изјасниле со „не знам“