Во неделата беа пронајдени безживотните тела на двајцата македонски планинари по кои од саботата се трагаше на Кајмакчалан, едното од лицата е пронајдено во бездна, а другото премрзнато во падините на планината Ниџе.
Планинарите се префрлени со возило на итната помош во болницата во Воден каде ќе се утврдуваат причините поради кои настапила смртта. Од болницата во Воден не откриваат никакви детали.
Министерството за внатрешни работи во неделата попладнето добило потврда за идентитетот на загинатите од грчките колеги. Станува збор за 26-годишната Калина Велевска и 35-годишниот Александар Миновски, од Скопје. Тие биле искусни планинари, членови на палнинарското друшвото „Трансверзалец“ од Скопје, а Велевска од неодамна поседувала и сертификат за водич.
Инаку двајцата планинари во саботата попладнето беа пријавени во грчката полиција околу 15 часот попладнето од кога и започнала потрагата по нив.
Претходно била најавена снежна бура во овој регион. Во услови на снег и силен ветер се пребарувани долж целата планина. По кусо време откако се пријавени за исчезнати, биле лоцирани нивните мобилни телефони на стотина метри на македонската територија. Околу 2 часот по полноќ било пријавено во МВР од кога е и почната истрага на македонската страна од планината.
Групата била составена од педесетина планинари кои тргнале кон искачување на врвот Кајмакчалан. Искачувањето на врвот Кајмакчалан е една од подостапните планинарски рути од грчката страна но што точно се случило не можат да претпостават.
Планинарите престојувале во туристичко место Лутраки во Воден. Според пријавата на планинарското друштво, двете лица по кратко време откако тргнале да се искачуваат по планината Ниџе се загубиле.Во пребарувањето беше вклучен хеликоптер на МВР, спасувачи од полицијата, Дирекцијата за зашита и спасување, како и од планинарската федерација.