
Аеродромот Лондон-Сити, најблизок до центарот на британската престолнина, најави во неделата затворање, по откривањето не неексплодирана бомба од Втората светската војна.
Аеродромот ќе биде затворен цел ден и сите летови ќе бидат откажани, што ќе влијае на 16.000 патници. Според интернет страницата на аеродромот, за понеделникот е закажано 261 слетувања и полетувања, а до 8 часот по локално време веќе беа откажани 130 летови.
Полицијата од „предострожност воспостави зона на исклучување од 214 метри, и последнично аеродромот Лондон-Сити засега е затворен“, соопшти аеродромската управа додавајќи дека се повикуваат патниците да ги контактираат своите воздухопловни компании и да го избегнуваат даоѓањето на аеродромот.
Бомбата е откриена во текот на изведување зафати во близина на аеродромската зграда коајшто се наоѓа во близина на единствената писта за слетување.
Сместена на истокот на Лондон, недалеку од деловниот кварт Канари Варф, аеродромот Лондон-Сити дава услуги за куси летови.
Полицијата истакна дека бомбата е откриена во неделата во 6 часот, а дека зоната на исклучување е прогласена во 23 часот „за да може да се работи на направата во потполна безбедност“.