
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изрази уверување дека односите меѓу Србија и Хрватска ќе бидат значително унапредени, како и односите меѓу Србите и Хрватите во целина.
– Изразувам искрено уверување дека односите меѓу Србија и Хрватска ќе бидат значително унапредени, како и односите меѓу Србите и Хрватите во целина. Сигурен сум дека Владата на Хрватска, како и сите ние во Србија, во тој важен и позитивен процес ќе дадеме полн придонес, напиша Вучиќ на Твитер.
Тој воедно изрази оптимизам и кога е во прашање економијата и изрази надеж дека меѓусебната соработка на тоа поле во иднина ќе биде подобрена, бидејќи тоа е во интерес на двете земји.
Инаку, Вучиќ денеска ја завршува работната посета на Хрватска со средби со претставници на српската заедница во општината Гвозд, а попладне заедно со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ќе присуствува на собранието на Српскиот народен совет.
Вучиќ вчера имаше средби со Грабар-Китаровиќ, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со претседателот на Саборот Гордан Јадронковиќ.