
Двајца маскирани разбојници, од кои едниот вооружен со пиштол, нападнале сопствениците на куќа во Гостивар и украле вредни предмети, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Крадците влегле во куќата на 69-годишниот Џ.Р. од Гостивар, по што го нападнале гостиварецот, неговата сопруга и нивната снаа.
Потоа успеале да им украдат златен накит, пари, гасен пиштол и два мобилни телефони, со што предизвикале материјална штета од околу 30 илјади евра, и ја напуштиле куќата.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.