Граѓаните на американската сојузна држава Флорида во четвртокот им одаваат почест на жртвите од масакрот во средното училиште, додека функционерите се обидуваат да откријат како тешко вооружениот тинејџер успеал да се инфилтрира меѓу учениците прд да го изведе еден од најголемите училишни масакри во американската историја.
Поранешниот ученик кој уби 17 лица е идентификуван како 19-годишниот Николас Круз. Тој во средата влегол во училиштето „Мерџори Стоунмен Даглас“ кусо пред крајот на часовите и отворил оган врз учениците и учителите, открива во четвртокот локалниот шери Скот Израел. Тинејџерот е притворен врз основа на обвинение за 17 убиства со предумисла, се наведува на страницата на канцеларијата на шерифот.
Круз бил вооружен со пушка од типот „АР-15“, и имал неколку шаржери со муниција кога им се предал на припадниците на безбедносните сили во соседната станбена населба, открива полицијата. Сакал оружа, а од училиштето бил исфрлен поради непрецизирани дисциплински причини, тврдат полицијата и неговите поранешни соученици.
Напаѓачот влегол во училиштето со фас-маска, пушка, муниција и чадни бомби, пота го активирал противпожарниот аларм, поради што учениците и врабтените од училниците излегле во ходниците, откриваат двајца американски сенатора кои се запознаени со случајот.
Круз потоа се обидел да се измеша меѓу учениците кои бегале од училиштето, но бил забележан и ауапсен.
Според податоците на групата за контрола на вооружувањето Everytown for Gun Safety, ова е осумнаесетто пукање во американските училишта од почетокот на годинава, и најсмртоносен напад во едно американско средно училиште. Досега накрвав напад од овој тип се случи во 1999 година во Колубин во сојузната држава Колоради кога два тинејџера убија 12 врсници и учители, а потоа и себеси.
Укањето во средата е вториот најсмротносен напад воопшто кој се одиграл во американските училиште, веднаш зад масакрот од 2012 година кога напаѓачот во основното училитеш Сенди Хук во Кон ектикат уби 20 првачиња, шест наставници, својата мајка и себеси.
Американските образовни институции по тој инциент воведеоа електронска контрола на вратите и бебзедносен персонал.
Секое училиште во оваа област имаат свој претставник од безбедносните сли, канцеларијата на шерифот дава обука за справување со ситуации кога има пукање, а училиштата имаат еден влез, истаан Дона Керн, член на одборот за училишта на Флорида за локалниот весник Treasure Coast.
„Луѓето беа подготвени. Ги подготвивме кампусите, но некои поединци и натаму наоѓаат начин да ги извршат ваквите грозни слуачи“, вели Керн.
Ова крвопролевање коешто се случи на празникот Свети Валентин во расно мешана заедна на околу 72 километри северно од Мајами, е последното во низата насилни пукања во образовните институци што во САД последните неколку години станаа речиси вообичаени.