
Претседателот на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, Насер Ал-Келаифи откри дека досега не остварил контакт со малдиот напаѓач на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Пол Погба и додаде дека по завршувањето на актуелната сезона повеќе ќе разговара на оваа тема.
“Погба? До сега не сум остварил никаков контакт ниту со Погба, ниту со неговиот агент. Нема ништо точно во новинарските шпекулации. Се што можам да кажам е дека на оваа тема повеќе ќе разговараме на крајот од актуелната сезона. Тогаш ќе ги разгледаме сите опции, ќе одлучиме дали ќе испратиме понуда за некој фудбалер и колку ќе понудиме за истиот”, изјави првиот човек на ПСЖ.
Иако, челниците на Јувентус постојано повторуваат дека репрезентативецот на Франција има статус на недопирлив во Торино, фудбалските медиуми во Италија и Франција се убедени дека таквиот тврд став на “старата дама” лесно ќе биде трансформиран доколку официјална понуда за 21-годишниот играч за врска не биде помала од 60 милиони евра.