2.8 C
Skopje
вторник, декември 24, 2024

Бил во врска со братучетка, му се заканувал на чичко му зошто ја верил за друг

Според кажувањето на пријавителот, истиот ден преку Вибер, Е.Б. му испратил пораки со закана дека ќе го убие него и неговото семејство доколку не му ја даде неговата 17-годишна ќерка.

Претходно, на 14.02.2018 година околу 23,50 часот му се јавил неговиот братучед А.Б. и го предупредил да внимава затоа што неговиот внук избегал од домот. Тој избегал откако дознал дека пријавителот ја верил неговата ќерка и бил револтиран затоа што бил во љубовна врска со неа, информираат од МВР.

Пријавителот, исто така, појаснил дека внукот Е.Б. на 31.12.2017 година ја зел неговата ќерка и два дена биле заедно во хотел во Тетово без негова дозвола, а бидејќи не знаел каде е ќерка му тој ја пријавил за изчезната во Полициската станица