Македонија скокна две позиции

Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за две позиции на најновата ФИФА ранг листа.

Освоените 443 поени се доволни за да бидеме на 80-позиција, а во нашето опкружување се репрезентациите на Израел, Хаити, Оман и Јамајка.

Првата позиција и понатаму е во сопственост на актуелниот светски и европски шампион, репрезентацијата на Шпанија, која ќе биде првиот противник на Македонија во новниот квалификациски циклус за престојното Европски порвенство во Франција.

Кога се во прашање останатите ривали од нашата група, Украина е на 17 позиција, а Словачка се наоѓа на 43. позиција.
Зад Македонија на листата се Белорусија на 83. позиција и Луксембурхг, кој е на 112 место.

Освен “црвената фурија”, во Топ 10 се и репрезентациите на Германија, Португалија, Колумбија, Уругвај, Аргентина, Бразил, Швајцарија, Италија и Грција.