
Пет лица се повредени од едно потешко во сообраќајна несреќа која околу половина час по полноќ се случила на автопатот Скопје-Тетово.
Од полицијата информираат дека А.Е.(45) од Тетово, управувајќи патничко моторно возило „Рено“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.Џ.(71), која е префрлена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за понатамошно лекување, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците М.Е. (42) и две деца на возраст од 13 и 15 години, информираат од МВР.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.